X
 31.10.2022 Живот

Детско штедно осигурување: Мудра одлука и најдобра инвестиција

На нашите деца им посакуваме сѐ најдобро, а тоа вклучува и полесен и побезбеден влез во светот на возрасните. Нивните соништа се сериозна инвестиција. Вложувањето во поквалитетен живот на децата е најмудра одлука во текот на животот, па се поставува прашање како и каде правилно да вложуваме, а притоа да имаме максимално сигурни придобивки од инвестицијата.

Во рамките на Месецот на осигурување, Кроација осигурување ги засилува своите активности во насока на сѐ поголема едуцираност на граѓаните за животно осигурување и за подигнување на свеста за потреба од штедење. Познати се придобивките од животното осигурување, но носењето ваква одлука е уште поемотивно кога се работи за најмладите.

Вистински избор е детското животно осигурување со кое ви е осигурено детето, а со тоа и штедите за негова поубава иднина. Ваквиот тип финансиски производ е однапред изработен план за да се постигне целта за финансирање на долгорочните финансиски обврски, како што се високото образование, купувањето стан, автомобил, живот во странство, брак и слично. Вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не се губи, за разлика од сите материјални вредности што би ги купиле. Затоа, што побрзо треба да се склучи договор за детско осигурување, за да можат да се акумулираат повеќе средства во текот на годините.

Кроација осигурување - живот ви нуди сигурен начин за собирање финансиски средства со цел обезбедување најдобра иднина на детето. Коко детското штедно осигурување претставува полиса која обезбедува осигурување, а и штедење за детето и план за заштеда во негова корист. На пример, доколку вложувате за своето дете по 50 евра секој месец, на неговиот 18. роденден тоа ќе има 10.000 евра заштедена осигурена сума.

Ексклузивноста на овој производ се состои од поврзаноста на штедната и осигурителната компонента и можноста за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации. Дополнителни бенефити се можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3% за постигнат одличен успех во средното образование, како и двојна осигурена сума при несреќен случај на двата родитела на осигуреникот, истовремено и исплата на осигурената сума во случај на несакани последици за договорувачот. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции. Максималната осигурена сума изнесува 30 000 евра.

Коко детското штедно осигурување, каде што детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца на возраст од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25-годишна возраст. Постои и можност за избор на динамиката на плаќањето и сумата што се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот