X
 10.04.2021 Живот

Скулптура покриена со мраз изгледа како да оживеала

Мразот ја прави тревата „крцкава“ и сигнализира дека зимата доаѓа. Сепак, како што открива еден корисник на социјалната мрежа „Редит“, мразот може да ги трансформира скулптурите преку „нагласување“ на текстурата на металот.

Кога ги посетил ботаничките градини „Вандузен“ во Ванкувер, Британска Колумбија, редит-корисникот Шонефел направил фотографија од интересна романтична скулптура во паркот на која тенкиот слој мраз врз скулптурата ѝ додава белег на илузија. Под утринскиот мраз живописната бронзена скулптура од двајца гушнати љубовници изгледа како оживеан стар цртеж или фотографија.

Неговата објава од замрзнатата скулптура за брзо време стана вирална. Иако скулптурите од бронза обично се дизајнирани да користат светлина и сенка, мразот го намалил рефлектирачкиот сјај на уметничкото дело и успеал да создаде мат-површина.

Уметничкото дело наречено „Заминување“, кое било инсталирано во 2013 година, повторно ги поттикна љубителите на уметноста и предизвика интерес за неговото потекло. Станува збор за уметничко дело на уметникот Лундејн, кој наишол на пар кој се прегрнува на италијанска железничка станица во 1973 година. Лундејн во тоа време направил скица, а подоцна скицата била инспирација за неколку скулптури. Тој користел човечки модел за да ја изваја во глина пред скулптурата да ја лее во бронза.

Постојат неколку примери и варијации од скулптурата „Заминување“. Без разлика дали е именувана за метафоричен тажен момент или поради возот што ја напушта станицата, јасно е дека постојат многу човечки емоции заробени во говорот на телото на двете фигури.

Откако привлече внимание на „Редит“, оваа слика инспирира други редит-корисници да споделат приказни за прекрасните статуи покриени со снег во нивните области.

статуа

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Shawneffel/Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот