X
 16.03.2017 Култура

Шопенхауер: Среќата може да се најде само преку уметноста и филозофијата

Германскиот мислител, кој Ниче го нарекувал свој „учител“. Артур Шопенхауер, сметал дека светот е празно и злонамерно место. Тој бил приврзаник на Будизмот, години пред таа религија и филозофија да пристигне во Европа.

Сепак, Будизмот има многу малку да каже за тоа како настанал светот. Шопенхауер вели: „Вистината е дека овој свет не може да е дело на битие кое сака, туку на ѓавол, кој ги донел суштествата на светот  да постојат само за да ужива во нивните страдања“.

Неговиот песимизам бил темелен и најмногу е истакнат во неговата книга „The World as Will and Representation“, објавена кога имал 30 години. Шопенхауер во подоцнежните негови дела го карактеризира светот како ирационален, а кон љубовта имал огорчен однос, па сметал дека е само потреба за зачувување на човековиот вид. Исто така, истакнувал дека волјата за живот која е изразена преку љубовта само ни носи несреќа, а според него, човековата свест само ни служи за да не направи свесни за мизеријата во која живееме.

Уметноста и филозофијата за Шопенхауер биле единствените нешта преку кои човекот би можел да се соочи со животот. Неговиот поглед кон животот е претставен во следното анимирано видео.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура