X
 02.02.2017 Живот

Градови во кои живее уметноста

Го сакате Да Винчи, Пикасо, Микеланџело и останатите мајстори? Љубители сте на уметноста? Во тој случај, посетете ги следните места.

Мексико

Овој град според многумина би можел да биде светска претсолнина на уметноста. Можете да уживате во делата на големиот Диего Ривера, а потоа да се прошетате до Каса Азул и да уживате во делата на Фрида Кало. Националниот музеј за антропологија крие величествени скулптури и накит, а во близина на градот се наоѓа и Теотихуакан, па можете да му се воодушевувате и да замислувате како изгледал животот на Ацтеките. Освен тоа, зачинетата храна и многубројните фестивало го прават градот жива изложба на мексиканскиот живот и култура.

Барселона

Овој град сам по себе е уметност. Доколку погледнете околу себе, ќе ги видите преубавите дела на Антонио Гауди, еден од најзаслужните архитекти за денешниот изглед на Барселона. Разгледајте го Ел Борн и готскиот кварт и доживејте ја историската улична уметност. Музејот на Пикасо е едно од местата кое не смеете да го пропуштите. Атмосферата на отвореност и слобода е присутна на секој чекор, така што не е чудо што баш Барселона е вистинска инспирација за создавање уметност.


Фото: Pixabay

Фиренца

Посетете ја капелата на семејството Медичи и поклонете се на еден од најголемите уметници на сите времиња, Микеланџело. Потоа прошетајте до фамозната галерија Уфици и уживајте во делата на познати уметници. Најимпресивна е Ботичелиевата слика „Раѓањето на Венера“. Во Фиренца се наоѓа и Академијата во која е и познатиот Давид, а помалку импресивна не е ниту црквата Санта Марија деи Фјори, со својата позната купола која ја проектирал Брунелески.

Сиднеј

Австралискиот град има многу што да понуди во уметничка смисла. Една од најубавите работи е плажата Бонди, по чија должина се протегнуваат стотици различни уметнички аматерски инсталации. Тој дел се нарекува Морски ѕид, кој исто како и морето постојано се менува.

Венеција

Ова е најверојатно најдобриот град за уметност која може да се види на секој чекот. Галеријата Академија содржи дела на познати уметници. Базиликара на Свети Марко е неверојатна, а патот кон Големиот канал е импресивен и нуди поглед кон раскошно насликаните фасади. Венеција е жив споменик, па убаво е и да се изгубите во малите улички од кои секоја има своја приказна.

Лисабон

Ова е место што е преполно со традиционална португалска уметност, а и многу други стари уметнички дела. Многуте галерии и уличната уметност се места каде што постојано можете да видите нешто ново.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот