X
 10.05.2015 Култура

Филмови за младите и образованието кои треба да ги погледнете

Ви претставуваме листа од играни филмови кои се занимаваат со општествената положба на младите, образованието и растењето. Ако не сте гледале некои од нив, топло ви препорачуваме да ги погледнете.

1. Die Welle

 

Одлична германска драма/трилер која се занимава со генезата на нацизмот. Средношколскиот професор применува необичен експеримент за на своите ученици да им покаже како е да се живее во диктатура. Но, се` излегува од контрола и експериментот го претвора класот во посебно социјално општество со свои закони, униформи и членови.


2. Detachment

 

Прекрасна драма која се случува во едно средно училиште и раскажува за животот на наставниците и учениците преку очите на Хенри Барт. Хенри е професор на замена, и често ги менува училиштата во кои предава и никаде не останува доволно долго за да развие длабока поврзаност со учениците или колегите. Но, кога доаѓа на неговата нова задача, три жени во него побудуваат чувства - ученичката Меридит, колешката Медисон и Ерика, младата улична проститутка.


3. Kids


 

Нискобуџетна независна драма за тинејџерите во Њујорк. Протагонистот е Тели, младо момче чијашто цел е да има што повеќе девојки. Иако една од поранешните партнерки му кажува дека е ХИВ позитивна, тој останува бестрашен во неговите намери.


4. Freedom writers


 

Криминалистичка драма снимена според вистинска случка. Во 1994 година Ерин Грувел станува наставничка по англиски во прва и втора година во средното училиште Вудроу Вилсон во Калифорнија. Училиштето пред доаѓањето на Ерин воведе интеграциска програма која според мислењето на другите наставници го упропастила самото училиште, а некогашните високи академски стандарди се заменети со ученици кои би биле среќни ако воопшто успеат да положат матура.


5. Dead Poets society

 

Уште една одлична драма. Срамежливиот Тод Андерсон оди на училиште каде неговиот постар брат беше еден од најпопуларните ученици. Негов цимер е Нил, бистро и популарно момче кое живее по директивата на неговиот татко. Тие двајца заедно со уште неколку пријатели, го запознаваат професор Китинг, наставник по англиски јазик кој ги охрабрува да се побунат против нивниот статус кво. Секој од нив, на свој начин го прави токму тоа.


6. The first grader

 

Драма снимена според вистинската приказна на 84 годишна селанка, борец против британската колонијална власт во Кенија за време на востанието Мау Мау, што доведува до уште една борба - онаа за правото на образование кои никогаш не можеле да си го дозволат.


7. Lean on me

 

Уште една драма снимена според вистинска приказна. Арогантниот наставник Џо Кларк, се враќа како директор во училиште полно со дрога, банди, насилство и урбан очај. И тој одлучува сето тоа да го промени. Со текот на времето неговите необични, но успешни методи доведуваат до конфликт со градските власти кои се закануваат дека ќе ги уништат неговите напори.


8. The breakfast club


 

Пет средношколци, секој во свој стереотип, имаат доста заеднички теми додека под казна ја поминуваат саботата во библиотеката во нивното училиште. За надворешниот свет тие се Мозок, Спортист, Социјално неприлагоден, Принцеза и Криминалец, но меѓусебно се познати како „The breakfast club“.


9. La mala educación

 

Оваа шпанска криминалистичка драма го прикажува влијанието на католичкото образование и сексуалното малтретирање во времето на диктатурата на Франко во текот на животите на двајца долгогодишни пријатели.


10. The School of Rock

 

Одлична музичка комедија. Пропаднатата рок ѕвезда Девеј Фин е избркан од сопствениот бенд и се соочува со многу долгови и депресија. Тој ја прифаќа работата како заменик наставник, односно ја кради од сопствениот цимер, во едно приватно основно училиште и го претвора одделението во рок ден. 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура