Меѓутоа, експертите предупредуваат дека со развојот на квантните компјутери,
енкрипцијата каква што ја познаваме денес ќе замине во историјата.
Затоа уште сега работат на развој на нови начини на енкрипција на податоци што ќе бидат заштитени од квантните компјутери.
Европската вселенска агенција (ЕСА) потпиша договор со „Кварц“, платформа која го развива квантниот клуч, односно новата генерација енкрипции.
Тие заедно ја развиваат QKD-дистрибуција на квантен клуч, и тоа од вселената. Имено, QKD се базира на испраќање различни броеви (од кои е составен клучот) преку фотони (елементарни честички) кои потоа се користат за создавање на клучот. Какво било прислушување во обид да се дојде до тој број би ги променило квантните својства на фотоните и на тој начин примачот автоматски е предупреден дека некој се обидел да го прислушува.
Користењето фотони за испраќање на QKD моментално е можно само на пократки растојанија преку оптички кабли поради слабеењето на сигналот. Но, истражувањата спроведени од експертите во ЕСА покажаа дека е можно фотоните да се собираат и дистрибуираат во вселената, меѓу сателитите и приемниците на Земјата. Тоа значително ќе ја олесни комерцијалната употреба на QKD-системот и ќе овозможи испраќање на квантни клучеви низ целиот свет, без губење на јачината на сигналот.
Значи, не треба да се изненадиме ако за неколку години, наместо преку интернет, енкрипциските клучеви ги примаме преку фотони кои ќе ги пренесуваат сателитите од вселената.