Во текот на минатиот месец над Арктикот почнала да се создава нова дупка во озонската обвивка.
Озонската обвивка над Северниот Пол повеќе пати осиромашуваше во минатото. Но, овој пат екстремните временски и атмосферски услови доведоа до многу полошо осиромашување од нормалното, соопштија од Европската вселенска агенција (ЕСА).
Научниците од ЕСА очекуваат дупката да се затвори овој месец, но сепак ова е вознемирувачки тек на настаните во однос на благосостојбата на животната средина.
Овогодишната дупка во озонската обвивка над Арктикот е поголема од нормално поради нетипично ниските температури во стратосферата кои помогнаа во заробувањето на вител на леден ветер, наречен поларен вител, во областа која го распрска озонот повеќе од вообичаеното.
Сепак, дури и оваа невообичаено голема дупка во озонската обвивка е значително помала од попознатата дупка над Антарктикот, стои во соопштението на ЕСА.
Таа може да порасне и до 25 милиони квадратни километри - иако во последно време е помала - а новата дупка над Арктикот е помала од еден милион квадратни километри.
Не е јасно што можеме да очекуваме во текот на следните години. Додека озонската дупка која е поголема од вообичаено е предизвикана делумно од екстремните временски услови, кои, пак, се поврзани со климатските промени, сѐ уште е прерано да се прогласи дека осиромашувањето на озонскиот слој над Арктикот ќе продолжи да се влошува ако продолжат климатските промени
Но, знаеме дека осиромашувањето на озонскиот слој може да ги поттикне екстремните временски услови во светот, што значи дека поголемото осиромашување може да има многу поголеми импликации понатаму.
Извори:
Futurism,
Science Alert
Насловна фотографија: Science Alert