X
 10.05.2023 Наука

Речиси цела Европа ќе биде во различна климатска зона до 2100 година

Екстремните топлотни бранови, сушите, поплавите и невремињата стануваат сè почести и поинтензивни поради глобалното затоплување. Ново истражување прави симулација на иднината на Земјата до 2100 година. Се покажува дека планетата ќе се смени толку многу, што ќе треба да се сменат мапите.

- До крајот на векот, 38-40 отсто од глобалната копнена површина се очекува да биде во различна климатска зона од денес - напишале истражувачите.

Одредени модели проценуваат дека речиси 50 отсто од копнената површина ќе биде во различна климатска зона до 2100 година. Симулациите се однесуваат само на копнените површини, а не ги вклучуваат океаните и Антарктикот, па затоа тие можеби не се целосно точни. Меѓутоа, јасно е дека треба брзо да се намалат емисиите на штетни гасови за да се забави глобалното затоплување во следните децении.


Фото: Pixabay

Врз основа на нивната анализа, истражувачите очекуваат површината со тропска клима да се зголеми на 25 отсто од сегашните 23 отсто од копнената површина до 2100 година. Се очекува 34 отсто од копнената површина, во споредба со сегашните 31 отсто, да биде сува до крајот на векот.

Најголеми промени ќе забележат жителите на студените климатски зони во Европа и во Северна Америка, според истражувачите. Дури 89 отсто од Европа и речиси 66 отсто од Северна Америка може да бидат во различни климатски зони до 2100 година.

Луѓето во другите региони, како Африка, ќе забележат климатски промени во облик на екстремни временски настани, но ќе останат во иста климатска зона.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука