Неделава, повеќе од 3.000 волонтери се соблекле и своето голо тело го обоиле во сино за потребите на едно необично снимање во англискиот град Хал, пишува „Хафингтон пост“.
Проектот за кој го сториле тоа се нарекува Sea of Hull, а бил создаден од познатиот фотограф Соенсер Туник. Идејата за проектот била со голи тела да се посочи кон врската меѓу споменатиот град и морето, но и да се предупреди на негативните последици од климатските промени.
Волонтерите биле обоени во четири различни нијанси на сино за да се посочи кон историјата на Хал. Се појавиле многу повеќе волонтери од очекуваното. Првите волонтери започнале да пристигнуваат околу 3 часот наутро, иако во проектот учествувале бесплатно.
„Бев многу изненаден кога видов колку постари лица и лица со инвалидитет одлучиле да учествуваат во проектот“, изјавил фотографот воодушевен од интересот на локалните жители.
Фотографиите ќе бидат изложени идната година во локална галерија.