Повеќе од 130.000 дрвја ќе бидат засадени низ Англија во борбата против климатските промени.
За таа цел, наредните две години ќе бидат обезбедени грантови преку посебен фонд. На оваа програма ќе можат да се приклучат поединци, локални власти, хуманитарни организации и невладини агенции. Грантовите ќе покријат засадување на дрвја и грижа за нив во првите три години.
- Програмата ќе ни овозможи да засадиме повеќе дрвја близу местата каде што живеат и работат луѓе, каде што дрвјата ќе направат најголема разлика - вели Хари Студхолм, претседател на Комисијата за шумарство.
- Дрвјата се од витално значење во борбата против климатските промени и затоа мораме уште повеќе и побрзо да засадуваме. Освен тоа, тие ни се потребни и за да останеме поврзани со чудата на природниот свет. - вели Мајкл Гов, министер за екологија.
Дрвјата апсорбираат јаглероден диоксид, што е од суштинско значење во борбата против климатските промени. Присуството на дрвја во градовите ги намалува бучавата и ризикот од поплави и формира зелени
површини, што е добро за здравјето на луѓето и нивната благосостојба.