X
 10.06.2016 Наука

Тишината е многу поважна за нашиот мозок отколку што мислиме

Во 2011 година туристичкиот одбор во Финска ја започна кампањата во која ја користела тишината како маркетинг „производ“. Тие се обидоа да ги примамат луѓето да ја посетат Финска и да ги искусат нејзините убавини на оваа тивка земја. Одборот објави серија на фотографии со фигури во природата, користејќи го слоганот „Тишина, ве молам“. Сајмон Анхолт, меѓународен консултант за брендирање во земјата, на слоганот додал: „Без зборување, туку акција“.

Ева Кивиранта, менаџерката на социјалниот медиум вели: „Одлучивме тишината да ја претвориме во нешто убаво“.

Финска може да оди кон вистинската насока - тишината станува се' повеќе и повеќе атрактивна. Како што светот станува се' погласен и преполн, секој човек бара одмор на тивко место. Ова е и тоа како мудро, со оглед на истражувањата кои покажуваат дека тишината е многу поважна за нашиот мозок отколку што мислиме.

Истражување од 2013 година направено врз глувци, користело различни типови на бучава и тишина и го следело ефектот на звукот и тишината врз мозокот на глувците. Тишината требаше да биде контролата во истражувањето но она што го пронајдоа беше изненадувачки. Научниците откриле дека кога глувците биле изложени на два часа тишина во текот на денот, се развивале нови клетки во хипокампусот. Хипокампусот е регион од мозокот поврзан со меморијата, емоциите и учењето.

„Видовме дека тишината навистина помага новите регенерирани клетки да се разликуваат во невроните и да се интегрираат во системот“, велат научниците.

Истражување од 2001 година го дефинира „стандардниот режим“ на мозокот што покажа дека дури и тогаш кога мозокот е на одмор, тој постојано и активно интернализира и ги оценува информациите.

Следните истражувања покажуваат дека стандардниот режим исто така се користи за време на процесот на само рефлексија. Кога мозокот се одмара, тогаш тој може да интегрира внатрешни и надворешни информации во таканаречениот свесен простор.

Кога не ви е одвлечено вниманието од врева или задачи, постои тивко време кое на вашиот свесен простор му овозможува да ги процесира работите. За време на периодите на тишината, вашиот мозок ја има потребната слобода да го открие своето место во надворешниот и внатрешниот свет.

Стандардниот режим ви помага да размислувате за длабоки работи на  имагинативен начин.

Откриено е дека бучавата има нагласен физички ефект врз нашиот мозок со што резултира со зголемено ниво на стрес хормони. Звучните бранови стигнуваат до мозокот како електричен сигнал преку увото. Телото реагира на овие сигнали, дури и кога спие.

Истражување објавено во 2002 година во „Psychologyal Science“ ги проучувало ефектите кои биле предизвикани од прелокацијата на аеродромот во Минхен и како тие влијаеле врз здравјето на децата. Гери В.Еванс, професор по човечка екологија на Универзитетот Корнел забележал дека децата кои се изложени на бучава развиваат стрес што кај нив предизвикува да ја игнорираат вревата. И не само што децата ги игнорирале штетните стимули, туку тие ги игнорирале стимулансите на кои требало да обрнат внимание, како што е говорот.

„Ова истражување е помеѓу најсилните, и веројатно претставува најдефинитивниот доказ дека вревата, дури и таа што не произведува оштетување на слухот - предизвикува стрес и е штетна за луѓето“, вели Еванс.

Тишината пак, од друга страна има спротивен ефект врз мозокот. Додека бучавата може да предизвика стрес и напнатост, тишината ги ослободува мозокот и телото од тензија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука