X
 24.03.2016 Живот

Истражување го уништува митот за русокосите - сепак, тие не се глупави

Русокоса и` вели на мајка и`:

Русокосата  Мамо, мамо! Јас сум генијалец!

Мајката: Навистина драга? Како е тоа возможно?

Русокосата: Завршив загатка на која работев една година, а на загатката пишува „За 2-5 години“.

Шегите како оваа погоре ги има многу, ако не и премногу. Сите тие, русокосите ги прикажуваат како глупави и тоа се случува со ггодини. Но, време е да се промени овој стереотип бидејќи ново истражување покажува дека овој стереотип е целосно погрешен.

Истражувањето направено на 10.878 Американци открива дека жените кои изјавиле дека природно се русокоси имале во просек ниво на интелигенција повисоко од бринетите и оние со црвена коса.

„Додека шегите за русокосите може да изгледаат безопасни, сепак тие може да имаат реални последици“, вели  Џеј Загорски, автор на истражувањето и истражувачки научник на Државниот универзитет во Охајо.

„Истражувањата покажуваат дека стереотипите често имаат влијание при вработување, промоции или други социјални искуства“, вели тој. „Ова истражување нуди релевантни докази дека не треба да постои дискриминација на русокосите врз основа на нивната интелигенција“.

Истражувањето покажа дека IQ на просечна русокоса е повисоко од оние жени со друга боја на коса, но откритието не е статистички значајно, вели Г-дин Загорски кој работи на универзитетскиот центар за истражување на човечки ресурси.

„Не можеме со сигурност да кажеме дека русокосите се попаметни од другите, но можеме дефинитивно да покажеме дека не се поглупави“, вели тој.

 

Русокосите во просек имаат 103.2 IQ, повисок од оној на жените со кафеава коса (102.7), црвена коса (101.2) и црна коса (100.5).


Истражувањето не може да покаже дали постојат генетски врски помеѓу бојата на косата и интелигенцијата, но г-дин Загорски најде факт дека би можел да доведе до делумно објаснување зошто русокосите покажуваат повисока интелигенција. Тие пораснале во домови со повеќе материјал за читање од оние со друга боја на коса.

„Ако сте русокоси тогаш имате мала предност, затоа што голема е веројатноста да пораснете во семејство со повисока интелектуална стимулација“, вели тој.

Загорски исто така вели дека резултатите покажуваат дека 3.5% од жените изјавиле дека по природа се блондинки, но лажеле.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот