X
 10.07.2023 Живот

Колку бавно смеете да возите на автопат во Германија?

Терминот „минимална брзина“ не постои во германскиот Закон за патен сообраќај, но постои регулатива според која возилата што не можат да развијат брзина поголема од 60 километри на час не смеат да се движат по автопат во Германија.

- Без добра причина, моторните возила не можат да возат толку бавно и со тоа да го попречуваат протокот на сообраќај. Возачот мора да вози во рамките на локалното ограничување на брзината на таков начин што ќе придонесе за протокот на сообраќајот - според германското автомобилско здружение.

Секој што намерно ги попречува другите возила со бавно возење може да биде казнет со 20 евра. Прописите за патниот сообраќај, исто така, наведуваат дека брзината треба да се приспособи на околностите, вклучувајќи ги условите на патот, сообраќајните услови и временските услови.

Личните вештини на возачот, исто така, играат улога: на пример, возач почетник може да вози повнимателно и побавно. Како друга можна причина за малата брзина здружението ги наведува големите и тешки транспортни возила и постарите автомобили со мала моќност на моторот.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот