X
 10.07.2024 Образование

УКИМ го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година.

Според конкурсот, најстариот и најголемиот универзитет во земјава годинава има 9.921 слободно место, од кои 4.761 за редовни студенти кои се финансираат од буџетот, 4.210 за редовни со школарина и 950 за вонредни студенти.

Најголем број слободни места годинава има на Природно-математичкиот факултет - вкупно 1.030, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - вкупно 1.020 и на Филозофскиот, 895.

Првиот рок за пријавување кандидати што се рангираат само според успехот од средното образование е на 29 и 30 август, вториот на 17 и 18 септември, а третиот на 27 септември. По објавувањата на прелиминарните и конечните листи, запишувањата на кандидатите ќе бидат на 11 и 12 септември, на 26 септември и на 30 септември, соодветно според рокот на пријавување.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат според успехот од средното образование и според проверката на знаењата и умеењата е на 29 и 30 август, додека проверката на знаењата е на 2 септември. Вториот рок за овие кандидати е на 17 и 18 септември, а проверката на знаењата на 19 септември. Третиот рок е на 27 септември. По објавувањето на прелиминарните и конечните листи, запишувањата на кандидатите ќе бидат на 11 и 12 септември, на 26 септември и на 30 септември, соодветно според рокот на пријавување.

ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс, да погледнете кои документи ви се потребни за упис и колку слободни места има на секој факултет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование