X
 10.07.2026 Живот

Кога храброста да се размислува поинаку станува иновација - Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Како изгледа иднината на дигиталните плаќања кога идеите доаѓаат од младите генерации?

Одговорот го дадоа студентите кои беа дел од IutePay студентскиот иновациски предизвик - иницијатива на Иуте Македонија која ги поврза академската заедница и индустријата, овозможувајќи им на студентите да работат на реален бизнис-предизвик и да креираат визија за иднината на финансиските технологии.



Ова се победниците кои развија најкреативни и најиновативни концепти за лансирање на Iute Pay – новиот дигитален паричник, кој е дел од визијата на Иутe за современо, едноставно и сосема поразлично искуство.

ГенВоЗен – Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), УКИМ
- УМО – Brainster Next College
- TripleFun – Економски факултет, УКИМ

Од идеја до иновација

Преку истражување, развој на идеи, презентации и јавно гласање, студентските тимови покажаа дека иновациите не се ограничени само на големите компании и развојни центри – тие можат да започнат и во студентските клупи.
Специјално креираната платформа за гласање за предизвикот беше посетена повеќе од 50.000 пати, што ја потврди големата заинтересираност и поддршка од заедницата.



Повеќе од натпревар – платформа за младите креатори


-IutePay студентскиот иновациски предизвик не беше само избор на победничка идеја. Нашата цел беше да создадеме простор каде што младите ќе можат да размислуваат поинаку, да експериментираат и да понудат решенија за реални предизвици. Не наградивме само три тима, туку прославивме генерација млади луѓе кои имаат храброст да создаваат, да иновираат и да ја обликуваат иднината - посочија од Иуте.

Иуте – технологија, иновации и луѓе

Како компанија, Иуте континуирано инвестира во дигитализација, технологија и создавање нови напредни и целосно дигитални решенија.
Со IutePay, компанијата ја продолжува својата визија за дигитален финансиски екосистем кој ги прави финансиските услуги поедноставни и поблиски до корисниците.



Но, иднината не ја создава само технологијата. Ја создаваат луѓето зад неа.
Токму затоа ова е само почеток на долгорочна иницијатива која ќе продолжи да ги поддржува младите идеи, иновации и таленти.
Горди сме што создадовме простор каде младите можат да ги претворат своите идеи во реални решенија и да бидат дел од дигиталната трансформација на финансиските услуги.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот