X
 10.08.2022 Култура

Препораки за нови серии кои може да ги гледате летово

Доколку се вративте на одмор, а сакате да продолжите да се релаксирате, или ви треба некоја серија за гледање додека сте на одмор, еве неколку предлози. Сите од следните серии се наоѓаат на платформата „Дизни+“, која од неодамна е достапна и во Македонија.

„Жена-Халк: Адвокатка“ (She-Hulk: Attorney at law)

Од студиото на „Марвел“ доаѓа оваа серија фокусирана на адвокатка која се специјализира во правни случаи кои вклучуваат луѓе со посебни моќни. Истовремено, самата таа е суперхерој.


„Андор“ (Andor)

Серијата истражува нова перспектива на „Војна на ѕвездите“, а во неа се следи Касиан Андор, кој трга на патување кое целосно ќе го смени.


„Лајтјир“ (Lightyear)

Од „Дизни“ и „Пиксар“ пристигнува акциски анимиран филм за Баз Лајтјир, анимираниот лик од филмовите „Приказна за играчките“. Серијата го следи вселенскиот ренџер во авантура со повеќе интересни ликови.


„Плен“ (Prey)

Овој акциски трилер се фокусира на приказната која ѝ претходи на онаа во „Предатор“. Серијата не се препорачува за лица помлади од 16 години.


„Јас сум Грут“ (I am Groot)

Малиот Грут од „Чувари на галаксијата“ добива сопствена приказна која го истражува неговото растење и запаѓање во неволји. Серијата се состои од 5 кратки филмови.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура