Големи се шансите деновиве да гледате содржини на „Нетфликс“ повеќе од вообичаено. Повеќето од нас избегнуваат да излегуваат надвор или, пак, работат од дома. Доколку мислите дека веќе сте виделе сè на „Нетфликс“, веројатно грешите. Има многу „скриени“ содржини што не сте ги виделе.
Фото: Pixabay
„
Нетфликс“ е платформа која сака нејзините корисници да бидат задоволни и среќни. Затоа, на почетната страна на платформата гледате содржини што се предложени врз основа на она што сте го гледале претходно. Ова може да ви помогне полесно да ја најдете омилената серија, но може и да биде причина за долго барање нови содржини. Тука се корисни кодовите за различните жанрови на платформата.
Фото: Pixabay
„Нетфликс“ има многу жанрови, но како може да ги пронајдете? Сè што треба да направите е кога ќе влезете на платформата, во УРЛ-адресата да внесете www.netflix.com/browse/genre. Во продолжение на оваа адреса треба да го внесете кодот кој одговара на жанрот што го барате и ќе ви се појават содржини само од тој жанр.
Во продолжение следуваат кодовите за некои жанрови.
Филмови со борачки вештини - 8985
Документарци за музика и концерти - 90361
Политички драми - 6616
Африкански филмови - 3761
Независни романтични филмови - 9916
Спортски комедии - 5286
Корејски серии - 67879
Гангстерски филмови - 31851
Класични драми - 29809
Филм ноар - 7687
Документарни филмови од неанглиско говорно подрачје - 5161
Романтични драми - 1255
Култни хорори - 10944
Светски музички концерти - 2856
Мистерии - 9994
Научнофантастични трилери - 11014
Реални телевизиски шоуа - 9833
Автори Сем Бенсон Смит и Дениз Саинтурк
Извор:
rd.com