X
 07.10.2024 Забава

Омилени на критичарите: Овие нови сезони од серии имаат навистина одлични критики

Кога ги разгледуваме актуелните настани во светот на телевизиските наслови, вниманието е свртено кон новите серии што ги воодушевија гледачите, како и оние што можеби поминале под вашиот радар. Овој пат зборуваме за новите сезони од серииите, кои добија одлични критики и ги освоија критичарите. Во продолжение ве очекува краток преглед на такви наслови.

Индустрија

Меѓу избраните нови сезони што ја добија наклонетоста на критичарите е и третата сезона на британската драмска серија „Индустрија“. Таа ни дава инсајдерски поглед на светот на меѓународните финансии, следејќи група млади банкари. Ги следиме додека се наоѓаат во стресната работна средина на меѓународната банка „Пјерпоинт анд Ко.“.

Секс, дрога и бизнис е добар опис на овој наслов. Со завршувањето на серијата „Суксешн“, многумина бараат наследник на оваа титула, а некои успешно ја пронајдоа во оваа. И двете можете да ги следите на платформата „Макс“.



Колин од сметководство

Зад австралиската хумористична серија „Колин од сметководство“ стојат сопругот и сопругата Патрик Брамал и Хариет Даер, кои исто така се во главните улоги. Накратко, заплетот следи двајца странци кои се зближуваат по сообраќајна несреќа благодарение на повреденото куче Колин. Оваа година беше претставена втората сезона од серијата, која може да се пофали со 100 отсто препорака од критичарите на страницата „Ротен томејтос“. Секако, има и одлични критики од публиката. Која е тајната на успехот? Оваа серија е постојано смешна, повремено трогателна и постојано забавна за гледање! Достапна е на платформата „Прајм видео“.

 

Момците

Сатиричната суперхеројска серија „Момците“ може да помине под радарот кога станува збор за насловите на медиумите, но веќе три сезони успешно привлекува публика. Интересно е што првично била замислена како филмска трилогија, но по низа перипетии беше претставена како серија - што се покажа како вистински потег!

Четвртата сезона пристигна на „Прајм видео“ оваа година и го продолжи патот на претходните, барем што се однесува до критиките. Публиката беше малку поскромна во оцената, додека критичарите не го кријат задоволството, па страницата „Ротен томејтос“ моментално има 92 отсто позитивни критики за серијата. Ова е наслов каде што суперхероите се сè што не очекувате да бидат...

 

Извор: journal.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава