X
 10.09.2020 Живот

А1 Македонија го усоврши „Славчо“ - четбот базиран на вештачка интелигенција

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција - „Славчо“, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.

„Четботот ‘Славчо’ е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт-центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на каква било техничка тешкотија со нивните услуги. Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

„Славчо“ е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење мобилни и фиксни услуги на А1 - интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд-корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување пораки.

Комуникацијата со „Славчо“ е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб-страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот