Серијата „The Devil Next Door“ („Ѓаволот во соседството“) на „Нетфликс“ беше објавена пред три дена, а воодушевената публика веќе ја нарекува најдобриот документарец на годината.
Документарецот ја раскажува вистинската приказна за „семејниот човек“ Иван Демјањук, украинско-американски механичар кој уживал во пензионерските денови во предградијата на Кливленд, САД, во текот на 80-тите години.
Неговиот мирен живот бил прекинат кога група преживеани од холокаустот го обвиниле дека тој е Иван Грозни, озлогласениот суров нацистички чувар во логорите на смртта, каде што биле мачени и убиени речиси еден милион еврејски затвореници за време на Втората светска војна.
Како резултат на обвинението, 66-годишниот Иван бил екстрадиран во Израел за да му се суди за злосторства против човештвото.
Серијата од пет дела се обидува да ги објасни исказите со кои Иван се соочил со членови на семејството, обвинителите и адвокатите на одбраната.
Исто така, вклучува и снимки од судењето што испитувало дали пензионерот навистина ги извршил ужасните дела, како и информации за тоа што се случило потоа, кога појавата на нови докази создала сомнеж за неговата пресуда.
Прашањето што било во фокус на неговиот судски процес било што правел тој три години по 1942 година. Тој тврдел дека бил принуден да работи како чувар, а спротивставените докази го сместиле во различни концентрациони логори во текот на последните години од војната.
Преживеаните од војната што сведочеле во судските процеси опишувале како
Иван Грозни сечел делови од телото на еврејските затвореници, како прободувал жени и деца и употребувал челични цевки за да ги тепа луѓето додека ги носел кон гасните комори.
- Ако сакате документарци, ви предлагам да го погледнете „Devil next door“ на „Нетфликс“. Потресен сум - пишува еден гледач.
- Го гледам „Тhe Devil Next Door“ на „Нетфликс“ и мислам дека е највозбудливото нешто што сум го гледал досега - пишува друг.