Голем дел од човечката историја е заборавен со текот на времето. Посветените професионалци работат неуморно за да пронајдат делови од нашата историја и да ги состават во мозаик кој ќе овозможи подобро да разбереме како живееле нашите предци.
Археолозите пронашле гробница стара 2.300 години, во близина на кинескиот град Кинзоу, а во неа делови од древната друштвена игра за која не се знае многу. За жал, поголемиот дел од гробницата била ограбена. Сепак, тие успеале да пронајдат коцки со 14 страни направени од животински заби и повеќе од 20 долги предмети со нацртани броеви и искршена плочка со нацртани очи.
Научниците веруваат дека овие делови припаѓаат на играта „Луибо“, древна кинеска игра, која била популарна за време на династијата Хан. За жал, правилата за играта не се познати бидејќи никој не играл преку 1.500 години. Но, според сликите од оваа доба, научниците можеле да претпостават дека играта вклучува две лица и дека секој од нив има 6 мали стапчиња кои го утврдувале движењето на играчите.
„Иако гробницата била голема, крадците темелно ја пребарале. Комората со ковчегот целосно била откопана и ограбена во процесот“, велат археолозите.