X
 10.12.2019 Забава

Тест на личноста: Дали сте сонувач, идеалист или реалист?

Запознајте се себеси малку подобро преку овој едноставен тест на личноста. Дознајте дали сте сонувач, идеалист или реалист.

Пред вас се прашања со понудени одговори. Одберете го одговорот кој најмногу одговара на вашиот карактер.

1. Ден пред тргнување на летен одмор. Од агенцијата ви се јавуваат да ви кажат дека патувањето е откажано. Како реагирате?

а) очајни сте;
б) веднаш му се јавувате на адвокатот;
в) бесни сте;
г) веднаш резервирате друго патување.

2. Кога патувате со воз, својот куфер го контролирате со поглед...

а) одвреме-навреме;
б) на секоја станица;
в) многу ретко;
г) никогаш.

3. Кога одите на љубовен состанок...

а) целосно сте излудени;
б) чувствувате неспокојство;
в) рацете ви се потат од возбуда;
г) срцето ви чука забрзано.

4. Кога некое/ја привлечен/а момче/девојка ви приоѓа на улица, помислувате...

а) изгледа не гледа добро;
б) што му/ѝ е на овој/аа?;
в) колку е згоден/а;
г) баш е симпатичен/а.

5. Не би можеле да го замислите животот без...

а) телевизор;
б) кредитна картичка;
в) мобилен телефон;
г) музика.

6. Кога не можете да заспиете, ја користите можноста за да...

а) мечтаете;
б) планирате;
в) читате;
г) размислувате.

7. Треба да излезете, а надвор е облачно. Штотуку не заврнало, а вие помислувате...

а) каде ли го оставив чадорот;
б) колку е ужасно времево;
в) времево ме потсети на летните невремиња на море;
г) одлично, штотуку не заврнало.

8. Хороскопот е...

а) нешто што ве вознемирува;
б) глупост;
в) нешто интересно;
г) чиста забава.

9. Често имате потреба за...

а) нежност;
б) сигурност;
в) внимание;
г) изненадувања.

10. Најчесто се мамите со...

а) среќата;
б) здравиот разум;
в) својата енергија;
г) шестото сетило.

Резултати од тестот:

Избројте ги одговорите. Прочитајте нешто повеќе за вас врз основа на одговорите. Доколку имате најмногу одговори под две различни букви, се наоѓате помеѓу двата типа.

Најмногу одговори под А:

Вие живеете во облаци. По природа сте расеани, па не е чудно што некогаш ги губите клучевите или ставате сол во кафето. Често започнувате повеќе работи истовремено, а кога нешто не оди според планот, се лутите и другите се виновни за тоа. Разбудете се и фокусирајте се на тоа што го работите наместо да мечтаете.

Најмногу одговори под Б:

Многу сте рационални. Рано сте сфатиле дека мора да се потрудите за да го добиете посакуваното. За да дипломирате, сте го загреале столчето. Не сте лажно скромни, ниту препотентни. Храбри сте и никогаш не бегате од проблемите. Кога нешто ќе наумите, тоа го добивате.

Најмногу одговори под В:

Многу сте чувствителни и бурно реагирате на секоја ситна работа. Кога некој ве критикува, вие експлодирате, а кога гледате тажни сцени, веднаш плачете. Сè што е нормално вам ви е здодевно. Би сакале секој ден да биде полн со изненадувања.

Најмногу одговори под Г:

Вие сте вистински среќник. Родени сте под среќна ѕвезда. Благодарение на неверојатната интуиција, отвореноста, смислата за хумор и мудроста, умеете да уживате и на животот секогаш да гледате од добрата страна. Одлично се снаоѓате со секоја ситуација и ведри сте. Верувате дека за секој проблем постои соодветно решение. Останатите мислат дека вашиот живот е совршен.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава