X
 22.06.2018 Живот

10 знаци што укажуваат колку сте посебни

„Колку повеќе личите на себе, толку помалку личите на другите и тоа ве прави единствени“, Волт Дизни.

Повеќето луѓе немаат голема самопочит, а постојат и лица што воопшто не сфаќаат дека се посебни. Ова се десетте знаци што ќе ни откријат колку всушност секој од нас е посебна личност:


1.    Сметате дека секогаш постои нешто што треба да се научи


„Единствената вистинска мудрост е да знаете дека ништо не знаете“, Сократ.

Не сте арогантни како многумина, а заинтересирани сте за случувањата во светот. Љубопитни сте и секогаш сметате дека треба да се научат нови работи или да се подобрат стекнатите вештини.

2.    Љубезни сте кон другите

И кога сте со вашите пријатели и кога сте меѓу непознати луѓе – вие сте љубезни затоа што немате причина да бидете негативни и не се однесувате кон другите како да се помалку важни. Љубезноста и позитивноста ве прават посебни и единствени. Не менувајте го тоа.

3.    Ги разбирате туѓите чувства


Не знаете како, но кога некој зборува за својот личен живот и своите искуства, кога споделува тајни и емоции со вас, вие совршено ги разбирате неговите чувства. Се обидувате да ги сослушате, дозволувајќи им да зборуваат за своите чувства.

4.    Уживате во музика

„Една добра работа за музиката – кога ќе ве погоди, не чувствувате никаква болка“, Боб Марли.

Вашиот мозок е многу чувствителен на музика. Не само што уживате во неа, туку таа ви е потребна во секојдневната рутина и секогаш предизвикува длабоки и силни емоции во вас.

5.    Вие слушате

„Сакам да слушам. Научив многу затоа што внимателно слушав. Повеќето луѓе никогаш не слушаат“, Ернест Хемингвеј.

Ова е еден од најретките квалитети. Повеќето луѓе можат со часови да зборуваат за себе, без да водат сметка дали другите имаат потреба нешто да кажат. Наместо тоа, вие имате тенденција да ги слушате другите и да бидете заинтересирани за нивниот живот и за она што го зборуваат.

6.    Сакате другите луѓе да ги направите среќни

Вие се чувствувате добро секогаш кога ќе успеете да усреќите некого и поминувате време размислувајќи за разните начини на кои можете да измамите насмевка од другите луѓе.

7.    Позитивни сте

„Јас навистина верувам дека сите луѓе што ќе ги сретнеме и сите работи со кои се занимаваме ни се пратени со причина. Не постои случајност; сите ние сме учители – ако сме подготвени да обрнеме внимание на лекциите што ги учиме, ако им веруваме на нашите позитивни инстинкти и не се плашиме да ризикуваме или да чекаме некое чудо да ни тропне на вратата“, Марла Гибс.

Не само што имате позитивен став кон животот и предизвиците, туку вие се обидувате да го пренесете вашето размислување и на другите луѓе. Обично немате предрасуди и секогаш мислите дека сите луѓе во основа се добри.

8.    Имате свои цели

Точно знаете што сакате и интелигентно ги планирате вашите цели. Преземате потребни чекори за остварување на поставените цели, знаете каде сакате да одите. Исто така, не дозволувате другите да ве обесхрабрат.

9.    Се осмелувате да сонувате


Тоа значи дека сте амбициозни, нешто што ви дава моќ да ја подобрите вашата продуктивност и мотивација кога се соочувате со предизвици. Не дозволувате препреките да ве запрат, не дозволувате што било да ве заплаши, не ја губите широката слика во ниту еден момент.

10.    Сакате да патувате и да учите од другите култури

„Патувањето е единствената работа што ве прави побогати кога ќе ја купите“, непознат автор.

Верувате во моќта на мултикултурализмот, ве интересираат други земји, други архитектури и поинаков начин на живот. Сакате да комуницирате со луѓе што искусиле различни искуства во животот, со луѓе од други општества, религии и цивилизации и среќни сте кога ја споделувате вашата култура со нив.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот