Во саудискиот регион Медина се наоѓа зграда која е покриена со големи огледала. Оваа зграда е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најголема зграда од огледала во светот. Таа зафаќа површина од 9.740 квадратни метри.
Зградата на повеќенаменската концертна сала „Мараја“ била осмислена да ја покаже природната убавина на пустината Алула. Нејзиното име на арапски значи одраз или огледало.
Архитектонското уметничко дело е наменето за разни настани, прослави, перформанси и работни собирања. Зградата има и огромен прозорец кој кога ќе се отвори, создава интересна игра со пустинската околина, а оддалеку е речиси невидлива.
Саудиска Арабија сака да го зголеми бројот на туристи до крајот на деценијата, а овој стаклен објект е еден начин на кој државата се обидува да успее во целта.
Зградата била изградена од миланската фирма „Џио форма“.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија:
Facebook