Најголемата канцеларија во светот е Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД во Арлингтон, Вирџинија. Зградата започнала да се гради во 1941 година, а кога ила изградена била најшироката административна зграда во светот. Колку, всушност, е голема оваа зграда?
Зградата на седум катови зазема простор од 14 хектари. Автомобилскиот паркинг околу зградата собира околу 10.000 превозни средства и зазема површина од 27 хектари.
Пентагон ја има една од најголемите телефонски централи во светот, која обезбедува сигурен проток на околу 200.000 разговори дневно.
Оригиналниот дизајн на зградата бил направен од Г. Едвин Бергстром. На изградбата работеле 15.000 луѓето во три смени, 24 часа во денот.
За време на војните овде работеле 33.000 луѓе, а сега се вработени 23.000 лица.