Саудиска Арабија во изминатите денови беше погодена од незапаметени врнежи, а 30 лица ги загубија животите.
Многу куќи и други објекти се оштетени во невремето и поплавите, а службите за спасување евакуираа околу 4.000 лица од подрачјата зафатени од поплавите.
Корисниците на социјалните мрежи објавија снимки на кои може да се види дека поплавите направиле цело море во пустината, а многумина снимките ги нарекоа апокалиптични.
Водата буквално ја покри пустината, а возилата одвај се движеа. Многу очевидци тврдат дека никогаш не виделе вакви непогоди во
пустинската земја.