11.02.2019
Култура
Доделени наградите „Греми“, Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага се најголеми победници
Ноќеска во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните музички награди „Греми“, на кои најголеми победници се Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.
Карди Б (26) влезе во историјата со тоа што стана прва жена што освои „Греми“ за најдобар рап-албум - „Invasion Of Privacy“, а беше и на чело на листата со најинтересно облечени жени на црвениот тепих.
Во чекор ја следеше 30-годишната кантавторка Кејси Маскгрејвс, која ја освои најважната награда – за албум на годинава за „Golden Hour“, а на крајот си замина со четири златни грамофони.
Трета најважна женска добитничка на вечерта беше Лејди Гага, која освои награда во категориите најдобар поп-дует за песната „Shallow“, која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“, најдобра соло-изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“ и најдобра песна напишана за визуелни медиуми.
Следуваат уште неколку добитници на „Греми“ во популарни категории.
Песна на годината – Доналд Гловер и Лудвиг Горансон - „This is America“
Најдобар нов изведувач – Дуа Липа
Најдобар поп-албум – Аријана Гранде - „Sweetener“
Најдобра денс-песна – Силк Сити, Дуа Липа, Дипло и Марк Ронсон - „Electricity“
Најдобра рап-песна – Дрејк - „God’s Plan“
Најдобра рап-изведба – Кендрик Ламар, Џеј Рок, Фјучр и Џејмс Блејк - „King’s Dead“
Најдобар аренби-албум – H.E.R. - “H.E.R.”
Најдобра аренби-песна – Ларанс Допсон, Џоел Џејмс, Ела Маи и Дижон Мекфарлан - „Boo’d Up“
Најдобар рок-албум – Грета Ван Флит - „From The Fires“
Најдобра рок-песна – Џек Антоноф и Ани Кларк - „Masseduction“
Извор: МИА