X
 19.02.2017 Култура

Посебната врска помеѓу Адел и Џорџ Мајкл

Адел на доделувањето на Греми наградите не само што ја шокира публиката со исказот дека Бијонсе  треба да победи во категоријата Албум на годината, таа направи и грешка додека му оддаваше признание на Џорџ Мајкл.

Адел

Имено, на средина на изведбата на неговата “Fast Love” направи грешка и замоли да почне од ново да ја изведува песната.

По церемонијата во Недела навечер таа пред медиумите почнала да зборува за првиот пат кога сфатила дека е фан на Џорџ Мајкл:

„Моето најрано сеќавање дека сум негов фан е таа песна. Кога излезе видеото, без изненадена колку е згоден. Бев млада, околу 10 години и ја слушнав ранливоста во песната.“

Адел секогаш сакала да му оддаде признание на Мајкл на Греми наградите откако ја слушнала веста во декември.

„Сметав дека тој е една од највистинските икони, затоа што славните луѓе ја креираат супериорноста за да се заштитат себе си, но за него сѐ беше базирано на изглед или претпоставка,“ продолжува таа. Таа изјавила и дека си останал верен Британец.

Двајцата се запознале и дури зборувале за соработка во последните години од неговиот живот. На Британските музички награди во февруари 2012 тој дошол од Австралија да ја најави Адел и тоа било негово прво јавно појавување по закрепнување од пневмонија. Но, после овој настан на едно свое гостување во радио емисија Џорџ Мајкл открил дека ја поканил и да направат дует, но таа била премногу погодена од смртта на Ејми Вајнхаус, која и била главна инспирација. Тој сакал да ја пеат заедно “Love is a losing game” од Ејми, но Адел сѐ уште била емотивно погодена од нејзината смрт за да може да издржи да пее дует.

Мајкл имал планови да прави песна во иднина со него, но за жал поради мајчинството што се случило 3 месеци подоцна, неговиот план не се реализирал.

Можеби изведбата на песната на Греми наградите разочара многумина, но истовремено и ги инспирира другите дека по секој пад или грешка, може да се стане и да се продолжи напред.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура