Франшизата се враќа со четврти дел, а сега ги имаме и првите кадри од снимањето.
Првиот „Матрикс“ излезе во 1999 година, односно пред 21 година. Во моментов се снима четвртиот дел од франшизата, а кадрите од снимањето ги изненадија фановите бидејќи Нео изгледа поинаку отколку во првите три дела.
Рано е да се носат заклучоци, но изгледот на Нео покажува дека новиот филм може да се разликува од претходните. Во секој случај веројатно во филмот ќе го видиме Нео далеку од онаму каде што го оставивме на крајот.
Она што дефинитивно го знаеме е дека во четвртиот дел повторно ќе ги гледаме Киану Ривс (Нео) и Кери-Ен Мос (Тринити), но и Џејда Пинкет Смит и Ламберт Вилсон. Значи, нема да го видиме агентот Смит, ниту Морфеус. Во улога на нови ликови ќе ги видиме Нил Патрик Харис, Џесика Хенвик, Џонатан Гроф и Абдул-Матин Втори.
Помеѓу теориите што кружат на интернет се споменуваат и патување низ времето и сценарио дека Абдул-Матин Втори ќе го игра младиот Морфеус.
Треба да почекаме повеќе од една година за да го погледнеме филмот. Неговата премиера е закажана за 19 мај 2021 година.
Фото: Screenshot