X
 22.11.2021 Култура

Режисерот сака да ја објави оригиналната 3-часовна верзија на првиот „Хари Потер“

Оваа година се одбележува 20-годишнината од премиерата на „Хари Потер и каменот на мудроста“, првиот од серијата филмови за малиот волшебник Хари Потер, базирани на книгите од Џ. К. Роулинг.

Режисерот на „Хари Потер и каменот на мудроста“, Крис Колумбус, деновиве споделува многу непознати факти за филмот. Меѓу другото, тој открил и дека оригиналната верзија на филмот била долга 3 часа, но потоа била скратена на 2 часа и 32 минути.

Во преостанатиот половина час има материјал и ликови кои обожавателите на книгите би сакале да ги погледнат. Меѓу другото, во оваа верзија се појавува и Пивс, дух кој живее во „Хогвартс“, а го има во книгата. Во оригиналната верзија на филмот актерот Рик Мајал го толкувал Пивс.

Според Колумбус, тричасовната верзија била хит помеѓу децата кога била прикажувана пред премиерата. По прикажување во Чикаго, родителите изјавиле дека филмот е предолг, но децата сметале дека е прекраток, открил Колумбус.


Извор: Mental Floss
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура