Доколку не се сеќавате на името на одреден филм, а знаете детали за него, треба да знаете дека има место на интернет на кое ќе стигнете и до насловот што го барате. Станува збор за веб-страницата „Ват ис мај мови“ (англ.
What is my movie).
Веб-страницата функционира како „Гугл“ за филмови на чии наслови не може да се сетите. Во пребарувачот треба да напишете детали за филмот, како жанр, период на излегување и некои карактеристики за филмот, а веб-страницата ќе ви го пронајде насловот.
Може да напишете и прашања, како „Во кој филм игра Марк Рафало со Риз Видерспун“ и ќе го добиете филмот што го барате.
Веб-страницата била направена од технолошката компанија „Вај“ и користи податоци од платформи за видеа и вештачка интелигенција за дефинирање карактеристики за филмовите.
Извор:
Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay