Неодамна во Мелбурн започна отвореното тениско првенство на Австралија, познато како „Аустралијан опен“, откако претходно беше одложено за три недели.
Пред почетокот сите натпреварувачи биле во 14-дневен карантин, а на овој начин државата успева да го контролира ширењето на коронавирусот во последните месеци. Илјадници обожаватели ги следат натпреварите, а главниот приоритет на организаторите е да се задржи безбедноста.
Како што покажува репортажата на Би-би-си во продолжение, главниот „моден додаток“ на првенството е
маската, која е задолжителна во групи и во затворени простории. Мешањето на гледачите е ограничено бидејќи секој билет ги носи посетителите директно во делот на нивното место.
Поставени се над 800 уреди за санитација во тенискиот парк, а масите во кафулињата и рестораните се чистат по секој гостин. Целиот парк детално се чисти секоја вечер, а насекаде има пораки за оддалечување од другите посетители и водење лична хигиена. Рестораните нудат опција за правење нарачка преку телефон, а гледачите само ја земаат храната.
Ризикот за ширење на коронавирусот постои дури и со овие мерки, но организаторите велат дека првенството ќе се одржи докрај дури и доколку има случаи на Ковид-19.
Извор:
bbc.com
Фото: Pixabay