Среде кризата со коронавирусот во Италија, луѓето што се во карантин излегуваат на балконите и пеат навивачки или други песни за да го кренат духот.
Жителите на Казорија, општина во покраината Неапол, од балконите пееја во еден глас против смртоносната болест, која силно ја погоди Италија.
Едното видео беше споделено повеќе од 10 илјади пати на „Фејсбук“ за само неколку часа.
- Луѓето како нас никогаш нема да се откажат, луѓето како нас никогаш нема да се откажат, луѓето како нас, луѓето како нас, луѓето како нас никогаш нема да се откажат. Forza Italia! Forza Napoli! - пеат тие.
Потоа продолжуваат со стихови во кои велат дека се обединети и повикуваат сите да излезат на балконите.
- Вирусот со кој се соочуваме нема да нè порази... Вирусот со кој се соочуваме нема да нè порази - пеат Италијанците.
Слични снимки се споделуваа и на „Твитер“.
Бројот на Италијанци што ја загубија битката со коронавирусот вчера достигна 1.000. Повеќе од 15.000 жители на оваа земја се заразени со новиот вирус, а повеќето се од северниот дел на Италија.
Според рестриктивните мерки, луѓето можат да излезат од дома само ако треба да купат намирници, заради работа, заради здравствени причини и за нега на деца и стари лица.
Извор:
Daily Mail