X
 13.01.2022 Здравје

Светски научници верувале дека ковид-19 е излезен од лабораторија, но молчеле за тоа

Некои од најценетите британски и американски научници на почетокот на пандемијата мислеле дека ковид-19 случајно бил пуштен од лабораторија, но не ги изнесувале своите ставови во јавноста бидејќи сметале дека тоа ќе ја наруши меѓународната хармонија, покажува електронска кореспонденција помеѓу научниците.

Во електронска пошта од 2 февруари 2020 од Џереми Фарар, директор на фондацијата „Велкам траст“, Фарар кажал дека веројатно објаснување е дека ковид-19 бргу еволуирал од вирус сличен на САРС во човечко ткиво во лабораторија со слаба безбедност. Пораката била испратена до Ентони Фаучи и Френсис Колинс од американскиот Национален институт за здравје.


Во пораката, Фарар пишува дека таквото еволуирање можеби случајно создало вирус совршен за брзо пренесување помеѓу луѓето, но дополнителна дебата би предизвикала непотребна штета за науката во Кина и светот. Колинс предупредил дека ваквата дебата би можела да ѝ наштети на меѓународната хармонија.


Фото: Pixabay

Овие пораки се знак за недостиг на отвореност и транспарентност од страна на западните научници, кои се чини дека се позаинтересирани за отфрлање на хипотезата за која сметале дека е можна од политички причини, вели Вискаунт Ридли, автор на книга за потеклото на ковид-19, за „Телеграф“.


Во електронската кореспонденција, Фарар открил дека други научници исто така мислеле дека вирусот не можел да еволуира природно. Според него, професорот Мајк Фарзан од „Скипс рисрч“, кој открил како оригиналниот вирус САРС се врзува со човечките клетки, сметал дека природното создавање специфичен дел од шилестиот протеин на вирусот е многу неверојатно.


Во кореспонденцијата експертите се согласувале дека шансите дека вирусот е излезен од лабораторија се барем 50 отсто.

Извор: The Telegraph
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје