Министерот за образование, култура и наука на Холандија, Роберт Декграф, изјави дека планира да претстави нов план за намалување на странските студенти во Холандија. Најголема причина за ова се проблемите со сместувањето.
Според локалните медиуми, министерот изјави дека сака да го намали бројот на студенти на програми на англиски јазик и да го зголеми бројот на студенти на програми на холандски јазик.
Се планира долгорочна стратегија која ќе донесе постојани мерки за намалување на странските студени, за што веројатно ќе биде потребно менување на одредени закони. Во моментов универзитетите во Холандија може да го намалат бројот на студенти за одредени насоки доколку има голема побарувачка.
Декграф претходно побарал од универзитетите да примаат помалку странски студенти бидејќи тоа им создава притисок на професорите и предизвикува проблеми со сместувањето. На долг рок, ова би можело да влијае врз достапноста и квалитетот на холандското високо образование, според него.
Според официјалните статистички податоци, во академската 2021/2022 година на холандските универзитети се запишале 115.000 странски студенти. Најголем дел од нив се од Германија, Италија, Романија и од Кина.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay