Бранислав Боричиќ е професор по математика и декан на Економскиот факултет во Белград. Тој неделава им се обратил на своите студенти преку социјалната мрежа „Фејсбук“ за да им помогне во поглед на испитната сесија оваа академска година. Бројот на „лајковите“ на статусот покажува дека студентите ја сфатиле неговата порака.
Боричиќ им се обраќал на своите студенти преку социјалната мрежа и порано, а притоа користи непосреден и хумористичен пристап, поради што е обожаван од своите студенти. Последниот совет од негова страна е за учењето за време на испитната сесија, поточно за првиот испит. Тој напиша:
„Утре започнува првата испитна сесија во оваа година. Би се рекло, сесија како сесија. Сепак, утре моите слатки и драги бруцоши, запишани есенва во прва година, го полагаат својот прв испит. Тестовите нема да ви бидат тешки, а околу прашањата за кои на прв поглед го немате вистинскиот одговор, малку размислете и ќе се сетите. Ви посакувам добра концентрација и успешно полагање! И не е случајно што овие реченици се полни со зборовите „први“ и „вистински“, бидејќи вие сте, всушност, оние првите и вистинските кои ја носат славата на Економскиот факултет!“