X
 26.10.2020 Образование

МОН објави повик за студенти за туторство на основци

Министерството за образование и наука објави повик за студенти за обезбедување туторство на ученици од основното образование.

- Програмата предвидува обезбедување бесплатни дополнителни часови за ученици по предметите што се дел од наставниот план за основното образование, со цел обезбедување дополнителна поддршка во совладувањето на наставната материја - истакнуваат од МОН и додаваат дека повикот е за редовни студенти што сакаат да подучуваат ученици по изготвена програма на одговорен наставник за соодветна паралелка од основно училиште.

Програмата за обезбедување туторство на ученици во која се наведени сите услови и критериуми за учество може да ја погледнете ТУКА, додека за аплицирање треба да одите на www.konkursi.mon.gov.mk, каде што е објавено и упатство за пријавување и пријава за учество во програмата.

Фото: Pexels

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование