X
 11.03.2019 Технологија

Како да ја отклучите скриената „темна верзија“ на „Месинџер“?

Корисниците на „Месинџер“ на „Фејсбук“ можат да се радуваат: постои лесен начин да се зачува батеријата и да се намали светлината што е штетна за очите, особено навечер додека разговарате со пријателите - само треба да знаете како да ја отклучите скриената функција.

Изминативе неколку дена „Фејсбук“ почна тивко да ја објавува новата опција на „Месинџер“ што овозможува темна заднина. Шемата на бои го олеснува читањето на пораките од апликацијата во текот на вечерните часови.

„Фејсбук“ одлучи да ја додаде оваа опција на прилично неконвенционален начин: треба да му го испратите емотиконот со полумесечина (🌙) на кој било пријател, да излезете и повторно да влезете во апликацијата. Потоа ќе видите анимација со еден куп месечини како паѓаат од врвот на апликацијата, заедно со барањето да ја овозможите опцијата во поставките на апликацијата. Откако ќе го направите ова, ќе ја видите новата опција во поставките на апликацијата.

Темната верзија доаѓа со предупредување дека некои делови би можеле да изгледаат чудно. Покрај естетиката, уште една причина зошто би требало да ја вклучите темната верзија е батеријата. Црната заднина е подобра од белата за батеријата на вашиот телефон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија