X
 25.04.2019 Технологија

Како да ја вклучите темната верзија на „Гугл Хром“

„Хром 74“ и официјално е достапен за корисниците на „Виндоус“, „Мек“ и „Линукс“, а со тоа е достапна и темната верзија на пребарувачот за сите корисници на „Виндоус 10“.

Крајниот резултат прави „Хром“ да изгледа речиси идентично како потемната инкогнито верзија на пребарувачот.

Иако „Гугл“ ја овозможи оваа нова темна верзија за „Виндоус“, таа сè уште не е достапна за сите корисници.

- Можеме да потврдиме дека сега оваа функција е достапна за мал број корисници на „Хром М74“ и дека ќе стане подостапна во блиска иднина - објаснија од „Гугл“.

Ако не сакате да чекате „Гугл“ да ви го овозможи ова, има еден трик со кој можете да си добиете темна верзија на пребарувачот.

1. Најдете ја иконата што ја користите за да го отворите „Гугл Хром“, кликнете на десниот клик и одете во Properties;

2. Додајте „--force-dark-mode” на крајот од Target (без наводници);

3. Отворете го пребарувачот и темната верзија ќе ви биде достапна.

Фото: The Verge

Во „Хром“ отсекогаш имало мотиви преку кои можете да си добиете темна верзија, но оваа официјална верзија сега значи дека контекстните менија се со соодветен мотив.

„Хром 74“ е достапен за преземање на страницата на „Гугл Хром“ или, пак ако одите во Help > About Chrome ако веќе го користите пребрувачот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија