Искажувањето на љубовта со страсно спојување на усните е прилично ново во еволутивната историја на луѓето, се тврди во истражувањето спроведено од научниците од Институтот „Кинси“ при Универзитетот „Индијана“ заедно со колегите од Универзитетот „Невада“ во Лас Вегас.
Страсното бакнување не е ни општо прифатена практика, а некои култури сметаат дека е „одвратно“. Според ова, како што тврдат авторите, прво големо истражување за „романтично-сексуално“ бакнување, само 46 отсто од 168 испитани култури го имаат страсниот бакнеж како дел од социјалниот наратив.
На пример, средноисточните и европските култури усвоиле ваков начин на бакнување, додека супсахарските Африканци и амазонските заедници на ловци и собирачи не го усвоиле. Вилијам Јанковјак, автор на ова истражување, смета дека романтичното бакнување не е универзално човечко однесување, туку е производ на западните општества пренесени од генерација на генерација.
Постојат научни докази што го поддржуваат тоа.
Бакнувањето какво што го знаеме денес е прилично неодамнешен изум, вели Рафаел Влодарски од Универзитетот „Оксфорд“ во Велика Британија.
Дали бакнувањето е нешто што го правиме природно? Најстариот доказ за однесување доаѓа од текстови од хинду-ведикански санскрит пред повеќе од 3.500. Бакнувањето било опишано како вдишување душа еден со друг.
- Откако го откриле, се чини дека на луѓето навистина им се допаднало бакнувањето - вели Јанковјак.
Фото: Pexels