Фото: Sergey Gorshkov
Под арктичкиот мраз, ведел фоките играат во подводните пештери. Огромните квецали доставуваат храна за нивните младенчиња во шумата во Костарика, а слонот зјапа во фотографот додека неговото стадо ја гаси жедта.
Дури и кога ураганите и шумските пожари предизвикуваат хаос во голем дел од планетава, природниот свет сѐ уште е полн со убавина. Фотографиите од натпреварот за фотографии од дивиот свет за 2017 година се совршен потсетник за тоа.
Натпреварот е организиран од Природонаучниот музеј во Лондон. Стотина фотографии беа избрани како најдобри од 50.000 пријавени од 92 земји низ светот.
Фотографиите во продолжение се финалисти во различни категории, а две од фотографиите се направени од деца на возраст помеѓу 11 и 14 години.
Победниците од натпреварот ќе бидат објавени на 17 октомври, а целата изложба ќе биде изложена во Лондон на 20 октомври 2017 година до пролетта 2018 година.
Линк до галеријата.