На било кој начин да ја сокривате вистинската состојба на „белите лаги“ или големите измами, дојде момент кога конечно треба да се соочите со вистината. Кога последен пат сте излажале? Шефот? Партнерот? Себеси? Сите луѓе лажат, тврдат психолозите. Сепак, видот на лаги со кои се служиме како и причините поради кои лажеме доста се разликуваат. Затоа, откријте кој тип на лажго сте.
Изберете тврдење кое на најпрецизен начин го објаснува вашиот тип на лажење:
1. Имам навикаа да и`/му кажувам на пријателката/от дека изгледа убаво дури и тогаш кога не е точно, за да ја/го поштедам нејзините/неговите чувства.
2. Се преправам дека сум имал/а возбудлив и интересен викенд само за да ги импресиониран моите колеги.
3. Ако не го знам одговорот на некое прашање, порадо би измислил/а нешто, отколку да признам дека сум незнајко.
4. Обвинувам некого друг на работа за мојата грешка, за да изгледам непогрешлив/а и моќен/на.
Прочитајте го решението на тестот:
1. Лажго дипломат
Вие сте заслужни што вашата пријателка мисли дека изгледа добро во хеланки. Психолозите тврдат дека повеќето од нас се вбројуваат во оваа категорија. Дипломатските лажговци го велат она што другите сакаат да го слушнат. Иако е засновано на желбата да поштедат нечии чувства, ваквото однесување не е сосема несебично. Дипломатските лажговци не поднесуваат конфронтација, па користат лаѓи за себеси да се поштедат од непријатност.
Време е за вистината: Потпрете се на сопствената моќ на расудување и не се плашете да го искажете вашето мислење. Со текот на времето, луѓето ќе започнат да ја ценат вашата искреност, па и вие ќе бидете позадоволни со себеси.
2. Амбициозен лажго
Овој тип на лажго измислува лаѓи и ги „украсува“ приказните од сопствениот живот само за да остави впечаток на подобра, попаметна и покомпетентна личност. Станува збор за амбициозни, самоуверени луѓе кои го користат лажењето за да напредуваат во животот. Но, опасност се јавува кога лажењето започнува да излегува од контрола. Ако започнете да зборувате неточни податоци на CV-то, да ја добиете работата, и одеднаш да не можете правилно да ја извршите, тогаш сето лажење ќе ја уништи вашата репутација и шансите за напредување.
Време е за вистината:Ако на пример, излажете дека лудо сте се забавувале некаде, а всушност само сте лежеле дома, станува збор за нереални очекувања кои не можете да ги реализирате. Започнете да се занимавате со некое хоби за да не мора да лажете за интересите и вештините кои не ги поседувате и во кои не владеете.
3. Лажго фалбаџија
Ако се соочувате со тешко прашање или задача на некое важно место, повеќето од нас нешто лажат пред искрено да кажат: „не знам“. Но, некои луѓе тоа го прават постојано и по навика.
Ваквите лажговци генерално се интелигентни луѓе, поради и што нивните лаги изгледаат доста уверливо. Сепак, позади ова однесување се крие недостаток на самодоверба, бидејќи лагите биле кажани за личноста да стекне популарност.
Време е за вистината: Оваа форма на лажење е всушност самоодбрана. Без оглед на тоа што себеси сте се убедиле во нешто што не е вистина, во одреден момент ќе се соочите со вистинскиот експерт на таа тема, па тој ќе ги открие вашите лаги. Трикот е во тоа да ги знаете вашите граници. Сите луѓе сакаат да се прават паметни, но важно е да престанете во моментот кога лагите стануваат премногу сложени.
4. Злонамерен лажго
Оваа форма на лажење е најлоша, бидејќи обично им штети на другите луѓе. Најчесто се случува на работа, кога некој, од лична корист настојува да го уништи авторитетот и репутацијата на негов колега. Злонамерните лажговци се натпреварувачки настроени, но во суштина се многу несигурни луѓе.
Време е за вистината: Доколку ова го правите постојано, луѓето порано или подоцна ќе ја изгубат довербата во вас. Размислете за последиците на ваквото лажење - тие секогаш се потешки од моменталната корист која ја остварувате со нив.