Кога паѓа снег на земјата, се чини дека светот наеднаш се смирува и е потивок.
Ова делумно може да се припише на човечкиот фактор; во зима, луѓето не се движат толку често, и со тоа сообраќајот е намален. Сепак, постојат научни причини за оваа тишина. Кога паѓа снег на земјата, прави многу повеќе од зимска идила.
„Кога паѓа снег, се апсорбираат некои од звучните бранови“, вели Бернадет Вудус Плаки, метеоролог и директор на Централата за климатски прашања.
Како што се натрупуваат снегулките, има многу повеќе слободен простор меѓу нив, во однос на површината на течностите, како на пример водата. Со целиот тој простор, звукот не е во можност да излези од снегот онака како што излегува од водата, па така, тој е апсорбиран.
За да се предвиде износот на врнежи од снег, метеоролозите ја мерат еквивалентноста на течноста која ќе паѓа од небото.
„Генералниот сооднос е дека околу еден инч дожд ќе биде 10 инчи снег“, вели Бернадет. Колку е постудено, тоа значи дека толку помек снегот ќе биде, со што значи дека ќе постои повеќе простор за апсорбирање на звукот.
Секако, дополнително на тоа е и фактот што е зима и луѓето помалку се движат. Сообраќајот се намалува, како резултат на замрзнатите патишта и опасноста од возењето.
Исто така, многу животни, како на пример птиците, не излегуваат толку често. Тие мораат да се адаптираат на снежното време кое средината ја прави постудена и за нив е потешко да пронајдат храна.