X
 11.04.2019 Живот

Фотографија што може да ја платите со животот

Фотографија што е предизвик за многу туристи што патуваат во Тајланд.

Ако сакате да направите селфи со авион што слетува во Пукет, може да заработите смртна казна.

Меѓународниот аеродром во Пукет почнува да се справува со посетителите што одат на плажата Маи Као, која се наоѓа блиску до меѓународниот аеродром, и прават фотографии со авион што слетува над нивната глава.

Лоцирана на северозападниот брег на островот, плажата Маи Као е популарна дестинација за туристите што сакаат да пливаат, да се сончаат и да гледаат како авионите слетуваат над плажата.

avion

Но, официјалните лица одлучиле дека правењето фотографии како оваа погоре може да го одвлече вниманието на пилотите кога се обидуваат да го слетаат авионот, па секое фотографирање може да резултира со смртна казна против оние што нема да запрат веднаш.

Властите развиваат нова безбедносна зона во близина на пистата, што значи дека туристите повеќе нема да имаат пристап до областа каде што обично ги прават фотографиите.

- На луѓето и на туристите нема да им биде дозволено да влегуваат во оваа област за да се фотографираат - изјави заменик-шефот на аеродромот во Пукет, Вичит Каеотатиам.

2

Покрај тоа, оние што ќе ги прекршат овие правила, кој се основани со Законот за воздушна навигација, може да се соочат со максимална казна во земјата.

- Максималната казна е смртната казна. Аеродромот сака да ги зголеми туристичките приходи, но истовремено мора да се осигури дека нема никаков проблем со регулативите во воздухопловството - изјави заменик-шефот.

Локалното население смета дека безбедносната зона ќе влијае врз туризмот во оваа област.

- Ако плажата е затворена, ќе имаме сериозни проблеми бидејќи многу туристи едноставно нема да доаѓаат - изјави Винаи Сае-ио, шеф на програмата за локални претприемачки стимуланси.

- Сакам аеродромот да ги поддржи локалните жители кои се обидуваат да заработат нешто - додаде тој.

Помалку тешка казна вклучува парична казна од 1.250 долари или затворска казна до 20 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот