X
 24.11.2018 Наука

Како ја уништивме планетата Земја за само 25 години?

Oд намалување на шуамта во тропските предели до уништување на Аралското езеро, овие неверојатни фотографии покажуваат како луѓето непоправливо ја променија планетата во само 25 години. Научниците создале мапи со помош на сателитските фотографии со висока резолуција снимени од Европската вселенска агенција.

Променета е речиси една четвртина од населените области на Земјата - првенствено од шуми во земјоделско земјиште - помеѓу 1992 и 2015 година.

1
Потемните тонови покажуваат највисок степен на промени, Европа и Азија
Фото: University of Cincinnati


Професорот Томаш Степински од Универзитетот во Синсинати создаде мапа за која вели дека предизвикува аларм за нашето влијание врз животната средина.

-Веќе знаевме за уништувањето на шумите, губењето на мочуриштата и зголемената урбанизација, но сега гледаме точно каде се случува сето тоа - вели професорот.

Европската вселенска агенција во 1992 година започнала да прави сателитски фотографии од Земјата за да ги проучува климатските промени. Она што ја покрива земјата може драматично да влијае врз температурата, во зависност од тоа дали ја апсорбира или рефлектира сончевата светлина. Исто така, шумата апсорбира многу повеќе јаглерод диоксид отколку урбаните области.


2
Во Северна Америка е најчесто исчезнувањето на мочуриштата, а во Јужна (со темно црвена боја), најчесто е уништувањето на шумите
Фото: University of Cincinnati

Овие сателитски фотографии се толку детални, што научниците ги организираа во мрежи од 300 квадратни метри наречени пиксели. Секој пиксел идентификувал промена меѓу 22 различни категории опишувајќи различни видови на области: земјоделско земјиште, шуми, мочуришта, површини на трева или урбан развој.

-Сето ова е толку депресивно затоа што временската скала што ја проучуваме е пократка од нашите животи - вели професор Степински.

3
Во Африка е видливо ширењето на Сахара
Фото: University of Cincinnati
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука