X
 12.12.2016 Култура

Хелсинки на невообичаен начин им посака добредојде на туристите

Просечната температура во Хелсинки беше 1 Целзиусов степен во ноември оваа година. Од оваа причина Финците одлучиле да им честитаат на туристите кои имале доволно храброст да патуваат во снежниот град.

Финскиот главен град има репутација дека има ладно време, па зошто да не се продава производ од Финска како тест за издржливост. Во пост за Reddit еден корисник ја споделил оваа фотографија како знак за добредојде, која како постер виси пред аеродромот во Хелсинки на кој е напишано: „Никој разумен не би патувал во Хелсинки во ноември. Освен ти, жилав човеку. Добре дојде“.



Хелсинки


Овој постер бил креиран од страна на организаторите на Slush технолошката конференција која се одржа во Хелсинки минатиот месец.


Хелсинки


Мариан Викула, извршен директор на „Slush“ изјавила: Само со неколку часа сончева светлина во месец ноември и многу кал и лапавица Хелсинки во ноември веројатно е најлошото место кое може да го посетите. Темно, влажно и студено, а тоа прави да биде тешко да се промовира инаку нашиот прекрасен главен град“.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура