X
 11.05.2021 Живот

40 години подоцна: Каде се и што прават денес членовите на групата АББА?

Една од најпопуларните поп-групи на 70-тите години - АББА беше составена од два брачни пара, но се распадна со крајот на нивните врски.

Бјорн Улавеус и Агнета Фелтског, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад беа најпопуларните парови во текот на 70-тите години. Бјорн и Бени, музичар и текстописец на групата, соработувале на многу проекти по распадот на групата. Нивните сопруги и пејачки Агнета и Фрида беа најважниот дел од бендот и нивните гласови идеално се дополнуваа.

Каде е Ани-Фрид Лингстад денес?


По распаѓањето на групата, Ани-Фрид ја продолжи пејачката кариера и го промени имиџот. Нејзиниот соло-албум „Something's Going On“ во 1982 година го продуцира Фил Колинс, а две години подоцна го издаде и албумот „Shine“. Во 1996 година издаде и албум на шведски јазик, а потоа кариерата ја насочи на дуети, но настапуваше и на помали проекти до 2005 година.

1
Фото: Wikipedia

За жал, нејзиниот живот имаше многу подеми и падови, и се соочи со многу семејни трагедии.

По бракот со музичарот од АББА, таа го запозна принцот Хајнрих Рузоа Рус од Плауен кога од Шведска се пресели во Лондон во 1986 година. Тие се преселија во Швајцарија и живееја во неговиот семеен замок во Фрајбург. Во 1992 година стапија во брак и беа во брак сè до неговата смрт во 1999 година. Денес Ани-Фрид е грофица од Плауен.

Трагедијата што остави најмногу траги во нејзиниот живот беше ненадејната смрт на нејзината ќерка. Во 1988 година таа го изгуби животот поради повредите со кои се здоби во сообраќајна несреќа во Њујорк.

И покрај трагедијата, Ани-Фрид повремено се појавува во јавноста, а еден од најпопуларните проекти во кој учествуваше е „Мама Миа“.

Агнета Фелтског живее изолирано на фарма


Убавата русокоса не се повлече веднаш од сцената по распадот на групата. Таа издаде соло-албум во 1982 година, кој беше првиот од седумте по распадот на АББА.

Во 1990 година се омажи за хирургот Томас Соненфелд, а се разведоа три години подоцна.

Поголемиот дел од времето го посвети на астрологијата, јавањето и јогата и живее сама во изолирана селска куќа во близина на Стокхолм.

agneta
Фото: Wikipedia

- Јавноста отсекогаш мисли дека сум повлечена и мистериозна, но јас сум повеќе призејмена отколку што мислат. Живеам на фарма во близина на Стокхолм. Водам нормален живот со две кучиња. Разговарам со другите сопственици на кучиња, одам во продавница и во ресторани со пријателите и не ми пречи потпишувањето автограми - вели таа.

Животот на нивните поранешни сопрузи е многу подинамичен, имајќи предвид дека тие сè уште компонираат музика и снимаат филмови.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот