Преубава снимка ни пристигнува од Дејн Порт во Калифорнија. Станува збор за група од околу 300 делфини.
Делфините се движат прилично брзо, па повеќе време поминуваат во воздух отколку во вода.
Не се знае точно зошто се случува тоа, но некои од можните причини се бегање од предатор, потрага по храна или „состанок“ со друга група делфини.
Југот на Калифорнија е познат по тоа што таму има најголема густина на
делфини на квадратен метар, а се проценува дека во овој регион има околу 450.000.
Ова се смета за мала група бидејќи се видени и групи по 10.000 делфини.
Фото: Screenshot/YouTube