Фото: UAE
Владата на Обединетите Арапски Емирати неодамна ги откри своите намери за изградба на град на Марс во текот на наредниот век. Првиот чекор? Прототип на градот на Земјата. Оваа недела официјалните претставници го започнаа проектот „Научен град на Марс“ што ќе се обиде да изгради остварлив и реален модел за стимулирање на животот на површината на Марс.
Луѓето уште одамна започнаа да симулираат живеење на Марс токму на Земјата. Симулациите на места како Хаваи и Јута станаа толку строги што ИКЕА неодамна ги испрати своите инженери на ваква мисија, меѓутоа ОАЕ има многу поголеми планови: нивниот град ќе обезбеди можност за инженерите да направат прототипови на идните градежни материјали на зградите на Марс и градежните техники, истовремено создавајќи лаборатории способни за стимулирање на различни аспекти на животната средина на Црвената планета.
Емиратите се надеваат дека ќе ги привлечат најдобрите научни умови од целиот свет. Не е познато дали градот ќе има постојани жители, но ОАЕ планираат да имаат тим кој ќе живее во градот една година. Тие ќе работат на развивање на процеси кои ќе ги одржуваат астронаутите здрави и добро нахранети за време на вистинската мисија на Марс. И како што е секогаш случај со вселенските истражувања, лекциите научени од овие тешки услови - ограничен пристап до вода, интензивна топлина и студ, изолација и така натаму, би можеле да помогнат во развивање на корисни земјоделски и градежни стратегии.
Официјалните претставници допрва треба да ја објават временската рамка за проектот, но веројатно ќе биде побрза од крајниот рок на вистински град на Марс - 2117 година.
Градот планира да практикува неколку методи на земјоделство кои би биле лесни за ресурсите на Марс, како вода и природно хранлива почва. Методите за рециклирање на отпад и вода исто така ќе бидат тестирани.
Градот ќе биде направен од меѓусебно поврзани купола структури. ОАЕ планира да ги тестира материјалите за куполата што би можеле ја го блокираат сончевото зрачење. Ова зрачење е посилно на Марс отколку тука на Земјата.
Градот ќе има способност да филтрира повеќе или помалку сончева светлина, со цел да ги контролира условите, за деновите да одговараат со времето на Марс. ОАЕ планира сумилираните доселеници на Марс да поминат една година во градот, а разни лаборатории ќе го поддржат истражувањето.
Освен лабораториите, предложениот град ќе има и музеј. Музејот ќе ги почитува најголемите вселенски достигнувања на човештвото.
Градот ќе послужи како основа за операции за научниците и инженерите кои ќе работат на создавање на вистинскиот град.
Рекреацијата е еден од клучните аспекти на патувањето во
вселената - важно е астронаутите да одржуваат добро ментално здравје, а тоа е тешко кога се далеку од домот. Во прилог на плановите за амфитеатар кој би можел да се користи како рекреативен и образовен центар, материјалите вклучуваат и базен.
Во продолжение, погледнете како би изгледал овој град -
линк до ГАЛЕРИЈА.