На возраст од три или четири години децата почнуваат да лажат. Во овој период од развојот на нашиот мозок учиме дека имаме неверојатно разновидна и моќна алатка на располагање - нашиот јазик, и можеме да ја користиме за всушност да си играме со реалноста и да влијаеме врз резултатот од она што се случува.
Порано или подоцна дознаваме дека лажењето е лошо и навистина не треба да го правиме. Но сите знаеме дека не е изводливо да не лажеме. Всушност, понекогаш мораме да лажеме.
Но некои луѓе се патолошки лажговци, што значи дека не можат да престанат да шират дезинформации за себе и за другите. Психолошките причини зошто некои луѓе се вакви се мистерија.
- Мислам дека доаѓа од дефект во невролошките жици во однос на она што предизвикува кај нас да имаме сочувство и емпатија - вели психијатарот Џудит Орлоф.
Кога не се грижите за другите луѓе, лагите ви изгледаат неважни. Недостигот на емпатија во суштина значи недостиг на совест, што е тежок концепт да го сфатат многу луѓе.
- Кога лажат, нарцисите, социопатите и психопатите не се повредени на ист начин како што сме повредени ние. Многу луѓе се инволвирани во интимен однос со патолошки лажговци и едноставно не можат да разберат зошто лажат, бидејќи се обидуваат да ги вметнат овие луѓе во обичните стандарди за тоа што значи да се биде емпатичен - додава Орлоф.
Но не можат да се вклопат. Всушност, тие и можеби не сфаќаат дека лажат поголем дел од времето бидејќи не се свесни за тоа. Тие веруваат дека ја зборуваат вистината.
Ова е крајно опасно за чувствителните луѓе бидејќи тие привлекуваат нарциси. А кога гледаат дека некој ги лаже, се обидуваат да дознаат зошто и се обвинуваат себеси.
Кога ќе почнат лагите, може да заврши катастрофално, а тоа е кога повторно и повторно им се кажува дека нивната верзија на реалноста е неточна и тие започнуваат да веруваат во вистината на оној што ги лаже.
- Големата сила во односите е кога можете да си ја кажете вистината еден на друг и да си верувате и да бидете автентични - а на патолошките лажговци едноставно не можете да им верувате - вели Орлоф.
Единствениот начин да ги избегнете канџите на патолошкиот лажго е да бидете доволно силни и да си кажете дека ова не е по ваша вина, не може да е вистина, и да одлучите да не му верувате на патолошкиот лажго.
За жал, луѓето имаат тенденција да се сомневаат во себе. Може да почне со мала бела лага, а неколку месеци подоцна, животот на жртвата ќе биде хаос поради мрежата од лаги.
- Ако некој лаже, не обидувајте се да создавате изговори за него. Лагата е лага, а ако му кажете на патолошкиот лажго и тој каже дека е ваша вина, треба да знаете дека е нешто погрешно - вели таа.
Психологот Линда Блер вели дека некои компулсивни лажговци едноставно се премногу импулсивни за да ја кажат вистината.
Импулсивно-рефлектирачката скала е вкоренета во нашите гени и тешко е некој импулсивен да застане и да размисли за работите.
Патолошкото лажење и нарцизмот не се синоним, тие само понекогаш одат рака под рака. Во други случаи, компулсивните лажговци едноставно немаат капацитет да запрат. Потребно е да ги контролираат своите нагони.